• четврток, 04 декември 2025

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

 

Кливленд, 12 мај 2025 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Донован Мичел, го пропушти второто полувреме од четвртиот натпревар од плејоф серијата против Индијана, во кој неговиот тим беше поразен со 109-129, поради повреда на левиот глужд, објави денеска ЕСПН.

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон, изјави дека на Мичел денеска ќе му биде направена магнетна резонанца, додавајќи дека во моментов „не знае“ дали неговиот најдобар играч ќе биде подготвен за петтиот натпревар во вторник.

Мичел го напушти теренот за време на полувремето да се загрее, но почувствува болка во левиот зглоб додека шутираше, по што во придружба на медицинскиот тим на Кливленд се врати во соблекувалната пред почетокот на третата четвртина и не се врати во игра.

Мичел постигна 12 поени во првото полувреме, а пред четвртиот дуел беше во одлична форма, врзувајќи два натпревари со 40 или повеќе поени, нешто што ниту еден играч на Кливленд не го постигнал од Леброн Џејмс. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан