• петок, 05 декември 2025

НБА кошаркарот Зајон Вилијамсон обвинет за силување

НБА кошаркарот Зајон Вилијамсон обвинет за силување

Њу Орлеанс, 31 мај 2025 (МИА) - Играчот на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, е обвинет за силување од жена која се претставила како негова поранешна девојка.

Во тужбата, поднесена во четврток во Вишиот суд во Лос Анџелес, Вилијамсон е обвинет за две точки на силување, како и за „континуиран модел на злоупотреба, контрола и закани“.

Бидејќи станува збор за граѓанска тужба, не се поднесени кривични пријави против поранешниот прв избор на драфтот.

Жената, која се претставила како Џејн До, рекла дека почнала да се забавува со Зајон во 2018 година кога тој бил на Универзитетот Дјук и дека нивната врска траела до јуни 2023 година.

Според Џејн, првото силување се случило во септември 2020 година во домот на Вилијамсон во Беверли Хилс. Второто се случило еден месец подоцна во Сан Диего, кога Вилијамсон го зел телефонот и лаптопот на неговата тогашна партнерка откако сексуално ја нападнал за да не може да го пријави инцидентот во полиција.

Адвокатскиот тим на Вилијамсон ги негираше сите обвиненија, велејќи дека „дамата за која станува збор сакала да го искористи професионалниот спортист“. Тие ја опишаа нивната врска како „консензуална и необврзувачка“.

Вилијамс, кој има само 24 години, се сметаше за еден од најголемите надежни играчи во историјата на НБА. Сепак, неговата кариера е нарушена од повреди. Тој одигра само 30 натпревари за Њу Орлеанс изминатава сезона.

И покрај ова, Вилијамсон е меѓу најплатените кошаркари во најсилната лига во светот. Оваа сезона, тој собра речиси 37 милиони долари само од својот договор. дс

Фото: Архива

Остани поврзан