• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава

НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава


Лос Анџелес, 28 февруари 2025. (МИА) – Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, најверојатно ќе биде суспендиран еден натпревар откако беше исклучен од натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс и ја доби својата 16 техничка грешка сезонава во НБА лигата.
Минесота рано утрово загуби од Лос Анџелес Лејкерс (111:102), а Едвардс доби две технички грешки, поради што беше исклучен.
Дополнително, Едвардс може да биде казнет и за фрлање на топката на трибините по исклучувањето.
Според правилата на НБА, играч добива суспензија од еден натпревар откако ќе ја направи 16 техничка грешка во тековната сезона, а на секои две дополнителни технички грешки, суспензијата ќе се зголемува за еден натпревар.ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан