• понеделник, 23 декември 2024

НБА: Главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда

НБА: Главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда
Вашингтон, 17 јуни 2020 (МИА) – Раководството на НБА лигата ги извести сите 30 екипи дека главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда. - Главната цел на рестартирање на сезоната ќе биде да се користи НБА платформата за да се сврти вниманието кон проблемите на социјалната неправда и конзистентни активности, вклучително и борба против систематски расизам, проширување на образовни и економски можности низ црната заедница, спроведување на полициска и криминална правда и промовирање на граѓанско активност, се вели во соопштението. Продолжението на сезоната 2019/20 во најсилната светска кошаркарска лига се очекува на крајот од јули или почетокот на август. зс/

Остани поврзан