• недела, 22 декември 2024

На 9 ноември во Париз ќе се одржи „хуманитарна конференција“ за Газа

На 9 ноември во Париз ќе се одржи „хуманитарна конференција“ за Газа

Париз, 3 ноември 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека на 9 ноември во Париз ќе се одржи „хуманитарна конференција“, нагласувајќи дека „борбата против тероризмот не ги оправдува цивилните жртви“ во услови на тековни копнени операции и воздушни напади во Газа.

Францускиот претседател објасни дека таа хуманитарна конференција ќе се одржи во рамките на Парискиот мировен форум.

Закажано за 10 и 11 ноември, со паралелни настани кои започнуваат на 8 и 9 ноември, на Парискиот мировен форум ќе учествуваат претставници на земји, меѓународни организации, компании и невладини организации под тема „Градиме заедно во светот на ривалството“.

„Борбата против тероризмот не значи неселективни напади врз цивилното население“, рече францускиот претседател, повикувајќи повторно на „спречување на ескалација“ на Блискиот исток.

Макрон реагираше и на нападот врз Францускиот институт во Газа, за кој Франција побара објаснување од Израел. „Во моментов сме во процес на организирање на евакуација на нашите граѓани и на сите кои придонесуваат за функционирањето на Францускиот институт и нивните корисници од Газа“, објасни шефот на француската држава.

Бирото на АФП во Појасот Газа исто така беше тешко оштетено во вчерашниот напад. зш/

Остани поврзан