• сабота, 23 ноември 2024

На 8 Септември јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

На 8 Септември јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Поради државниот празник 8 Септември - Ден на независноста јавниот превоз во текот на овој ден ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Како што соопшти ЈСП, од 7 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19 до19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. сст/дма/

Остани поврзан