• вторник, 05 ноември 2024

На 42-годишна возраст почина момчето на Арина Сабаленка

На 42-годишна возраст почина момчето на Арина Сабаленка

Мајами, 19 март 2024 (МИА) – Поранешниот белоруски хокеар, Константин Колцов почина ноќеска во Мајами, на 42-годишна возраст. Колцов кој беше актуелен тренер на тимот Салават отиде во САД да ги гледа натпреварите на неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка.

- Со длабока тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Беше силна и весела личност, беше сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите.

Константин Евгениевич засекогаш се запиша во историјата на нашиот клуб. Колцов го освои Руското првенство и Купот Гагарин како дел од Салават Јулаев и направи одлична работа во стручниот штаб на тимот, соопштија од клубот кој го предводеше Колцов.

Играчката кариера на белорускиот хокеар траеше од 1997 до 2015 година. Играше за Јуност, Динамо Минск, Северстал, Новокузњецк Металург, Ак Барс, Спартак, Салават Јулаев, Атлант и Питсбург. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан