• недела, 22 декември 2024

Пендаровски: Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД

Пендаровски: Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД.

- Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат на таа листа. Не ги знаеме. Веројатно сличен калибар како вториот што е ставен на листа. Да, бизнисмен, според некои најави, иако не ги знаеме. Не ги кажуваат однапред имињата кои ќе бидат, меѓутоа профилот отприлика ни е даден со опис  за тие двајца-тројца. Да не шпекулирам, тоа е нивна суверена одлука кога ќе ја објават. Велат наскоро. А што е тоа наскоро, не знам, рече Пендаровски на гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

САД неодамна на црната листа ги стави градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев. фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан