• четврток, 04 јули 2024

На Хрватска досега исплатени 7,13 милијарди евра од фондовите на ЕУ

На Хрватска досега исплатени 7,13 милијарди евра од фондовите на ЕУ

Загреб, 18 февруари 2022 (МИА) - Од Европските структурни и инвестициски фондови, Хрватска до 10 февруари склучи договор за финансирање проекти во вредност од 13,34 милијарди евра, а досега се исплатени 7,13 милијарди евра или 66,47 отсто од доделените средства од ЕУ фондовите, соопшти Министерството за регионален развој и фондови на ЕУ.

„Министерката Наташа Трамишак денеска на седница на Владата го презентираше Извештајот за состојбата со искористеноста на средствата на ЕСИФ во Република Хрватска, кој потоа беше усвоен“, се наведува во соопштението, јави Хина.

Хрватска од ЕСИФ за периодот 2014-2020 располагала вкупно со 10,73 милијарди евра. Заклучно со 10 февруари годинава договорени се проекти во вредност од 13,34 милијарди евра. Исплатени се вкупно 7,13 милијарди евра или 66,47 отсто од доделените средства.

„Во периодот од 2013 година до 10 февруари 2022 година, разликата меѓу средствата уплатени од буџетот на ЕУ во хрватскиот буџет и средствата уплатени од хрватскиот буџет во буџетот на ЕУ изнесува 48,61 милијарди куни во корист на хрватскиот буџет“, се вели во соопштението на Министерството. паг/

Остани поврзан