• сабота, 21 декември 2024

На Хаити уапсени тројца полицајци под сомнение за вмешаност во атентатот на Моиз

На Хаити уапсени тројца полицајци под сомнение за вмешаност во атентатот на Моиз
Порт-о-Пренс, 20 јули 2021 (МИА) - Властите на Хаити уапсија најмалку тројца полицајци осомничени за вмешаност во убиството на претседателот на државата Жованел Моиз. Досега уапсени се најмалку 26 луѓе, меѓу кои 18 Колумбијци, петмина државјани на Хаити и тројца Американци по потекло од Хаити. Се уште е непознато кој стои зад атентатот и како вооружената група уапсала да стигне до Моиз без да се судри со неговото обезбедување. Моиз беше убиен на 7 јули во неговата резиденција, додека при нападот беше повредена неговата сопруга Мартин. ми/

Остани поврзан