• петок, 22 ноември 2024

На УЈИЕ организиран првиот Саем за социјално претримеништво

На УЈИЕ организиран првиот Саем за социјално претримеништво

Тетово, 5 октомври 2022 (МИА) - Организации, институции, претпријатија и граѓански здруженија ги претставија своите програми, проекти и активности со кои го поддржуваат социјалното претриемништво во Полошкиот регион на Саемот за социјално претприемништво. Саемот е организиран од Организацијата за поддршка на претријатија ЕСА Тетово, Центарот за бизнис иновации и Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа. 

Саемот е дел од актовностите што се реализираат во рамки на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ имплементиран од повеќе организации. 

-Денешниот саем е првиот регионален Саем за социјално претриемништво во Полошкиот плански регион, кој претставува модел на спроведување на поактивен пристап во поддршка на локалните заедници и луѓето кои се соочуваат со одредни потешкотии и на кои им е потребно да им се помогне во интегирање во заедницата со надминување на зависноста од системот на социјални бенефиции, изјави Неби Јусуфи, менаџер во ЕСА.

Саемот праќа порака дека во иднина може да има еден функционален систем за социјално претриемништво, порачаа организаторите. 

-Некои од организациите своите активности ги прават како проекти но со законот за поддршка на социјални претријатија ќе е најде можност во системот да се креираат нови работни места на лица од маргинализирани групи, ранливи групи, стечајни работници, деца без родителите и други разни групи. Ќе може да користат и субвенции за вработување, истакна Јусуфи. 

Организаторите порачаа дека саемот е прилика во Полошкиот регион да се поврзат засегнатите страни како локални самоуправи, универзитети, организации, училишта, локални бизниси и други субјекти. ас/дма/

Остани поврзан