• вторник, 13 јануари 2026

На Токсикологија примени 31 пациент, од нив 13 биле малолетни

На Токсикологија примени 31 пациент, од нив 13 биле малолетни

Скопје, 1 јануари 2026 (МИА) - На Клиниката за токсикологија во текот на новогодишната ноќ примени се вкупно 31 пациент од кои најмладиот пациент има 14 години. 

Доктор Нико Беќаровски денеска во изјава за медиумите информираше дека се работи за 14-годишна пациентка. Од вкупниот број примени пациенти, 13 биле малолетни.

Најстарата пациентка примена на Клиниката за време на новогодишната ноќ имала 44 години. 

Поголем е бројот на пациенти од машки пол, односно 21 од пациентите биле машки, а 10 женски. 

Сите пациенти се пуштени на домашно лекување. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан