• понеделник, 23 декември 2024

На територија на цела држава 168 санкции за брзо возење

На територија на цела држава 168 санкции за брзо возење

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера биле санкционирани 168 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан