• понеделник, 07 октомври 2024

На територија на СВР Тетово изречени 73 санкции за непрописно престигнување

На територија на СВР Тетово изречени 73 санкции за непрописно престигнување

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Во периодот од 12.00 до 18.00 часот денеска спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 73 возачи. За време на контролата санкционирани се и 16 други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. ев/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан