• недела, 17 ноември 2024

На територија на СВР Велес 37 возачи возеле пребрзо

На територија на СВР Велес 37 возачи возеле пребрзо
Скопје, 25 септември 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната при што санкционирани се 37 возачи. Од нив 21 на територија на Велес, девет на територија на Кавадарци, седум на територија на Неготино... Полицијата информира дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ев/

Остани поврзан