• среда, 27 ноември 2024

На територијата на цела држава 881 казна за брзо возење

На територијата на цела држава 881 казна за брзо возење

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 881 возач.

Од нив, соопштија денеска од МВР, 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.  цр/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан