• четврток, 19 декември 2024

На територијата на СВР Штип санкциониран 61 возач

На територијата на СВР Штип санкциониран 61 возач

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Вкупно 61 возач е казнет при денешната акциска контрола на територијата на СВР Штип за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, што ја спроведоа Секторот за  сообраќајни  работи при Одделот за униформирана полиција - Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во периодот од 11:00 до 16:00 часот. 

Од нив, како што информира МВР, 15 се санкционирани за возење без возачка дозвола, шест за возење моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла). 

-На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Оттаму нагласуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан