• недела, 16 јуни 2024

На Табановце утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија

На Табановце утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија
Скопје, 13 февруари 2021 (МИА) - Утре пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија, информира владината прес-служба. Од Владата најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев. Пратката вакцини ќе биде предадена на граничниот премин Табановце. Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но беше одложено поради технички причини. скс/      

Остани поврзан