• петок, 22 ноември 2024

На Табановце за влез во земјава се чека од 60-90 минути, на „Богородица“ за излез околу 40 минути

На Табановце за влез во земјава се чека од 60-90 минути, на „Богородица“ за излез околу 40 минути
Скопје, 30 јули 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 60-90 минути, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшто АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан