• недела, 22 декември 2024

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Картум, 17 јуни 2024 (МИА) - Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан