• недела, 22 декември 2024

На српските телевизии нема ни секунда негативно известување за Русија и Кина за разлика од САД

На српските телевизии нема ни секунда негативно известување за Русија и Кина за разлика од САД
Белград, 13 февруари 2022 (МИА) - Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) денеска соопшти дека од декември 2020 година до крајот на ноември 2021 година, во централните дневни вести на националните телевизии: РТС, Пинк, Прва, Хепи, Б92, не се известува негативно за властите на Кина и на Русија и нивните дипломатски претставници во Србија, за разлика од САД, јави дописникот на МИА од Белград. БИРОДИ во соопштението оценува дека ваквото известување за Кина и за Русија го загрозува правото на информирање загарантирано со Устав и дека Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) е соучесник во медиумското преставување, бидејќи не ги користи законски овластувања за спречување на едностраното информирање. - Од вкупно 1:16:03 време, кинеските функционери, вклучително и претставниците на Кинеската амбасада во Србија се позитивно претставени во рамки на 1:03:27 (83,4 отсто). Додека за руските функционери и претставници на Амбасадата на Русија во Србија вестите траеле вкупно 1:45:38, при што позитивно биле претставени во 1:34:39 (89,6 проценти), истакнува БИРОДИ. За разлика од Кина и Русија, Европската Унија е значително повеќе застапена (5:06:03) од Кина и од Русија. ЕУ е неутрално претставена три-четвртини од времето, додека секоја петта секунда се известувало позитивно за ЕУ (1:00:43). Негативното време за ЕУ траеше 0:20:57 (6,8 отсто. Со мониторингот утврдено е и дека најголем број негативни извештаи се однесуваат на САД, а како што е наведено во соопштението на БИРОДИ од една петтина од набљудуваното време (0:53:09), американските функционери и претставниците на Амбасадата на САД во Белград негативно се претставени, речиси две третини од времето било неутрално, а само во една шестина од временскиот период извештаите биле позитивни. об/ми/

Тагови

Остани поврзан