• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На Светското клупско првенство прв пат камери на телата на судиите

На Светското клупско првенство прв пат камери на телата на судиите


Цирих, 8 април 2025 (МИА) – Судиите на Светското клупско фудбалско првенство, што ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули, ќе бидат опремени со камери на телата и ќе применуваат ново правило за борба против задржување на времето од страна на голманите, објави денеска ФИФА.
„Судиите на натпреварите ќе носат камери поставени на телото како дел од експерименталната фаза, а тестовите се одобрени од ИФА, телото кое ги надгледува правилата на играта“, се појаснува во соопштението на ФИФА.
„Сметаме дека ова е добра можност да им понудиме на гледачите ново искуство, благодарение на сликите направени од перспектива која досега не била понудена“, изјави претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.
Паралелно со ова, на клупското првенство ќе се имплементира и новото правило, одобрено од Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) на 1 март, со цел да се намалат временските загуби предизвикани од голманите.
Ако ја задржат топката в раце повеќе од осум секунди, судијата ќе сигнализира корнер. Според сегашните правила, секое задржување на топката на голманот подолго од шест секунди се санкционира со индиректен слободен удар за противничкиот тим. ег 
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан