• петок, 22 ноември 2024

На рускиот заменик министер за одбрана му е одреден притвор до 23 јуни заради примање поткуп

На рускиот заменик министер за одбрана му е одреден притвор до 23 јуни заради примање поткуп

Москва, 24 април 2024 (МИА) - Басманскиот суд во Москва му одреди притвор до 23 јуни на рускиот заменик министер за одбрана, Тимур Иванов поради примање поткуп при склучување договор за Министерството за одбрана, соопшти денеска прес-службата на судот.

Во соопштението се наведува дека во тој случај е вмешано уште едно лице и дека тоа е познаникот на Иванов, Сергеј Бородин, кој исто така е приведен.

Од судот посочуваат дека двајцата се обвинети за примање поткуп во исклучително голема сума.

Руските медиуми го објавија апсењето на Иванов вчеравечер.

Во Министерството за одбрана, Иванов ја надгледувал изградбата и ремонтот на ресорните објекти и бил одговорен за организирање на управувањето со имотот на Министерството, а, според судот, се здружил со Бородин и трети лица за примање мито при склучување договори за Министерството. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан