• петок, 22 ноември 2024

На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи

На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи
Атина, 16 август 2022 (МИА) – Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи,  27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на проверките за спречување илегален излез и справување со трговијата со мигранти, од 13 до 15 август 2022 година на регионалните аеродроми во јужниот дел на Егејско Море беа уапсени вкупно 27 странски државјани, обвинети за поседување и користење фалсификувани патни исправи. Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос. Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија. ср/

Остани поврзан