• вторник, 05 ноември 2024

На протест пред Парламентот во Стокхолм повторно запалена копија од Куранот

На протест пред Парламентот во Стокхолм повторно запалена копија од Куранот

Стокхолм, 31 август 2023 (МИА) - Двајца мажи денеска запалија копија од Куранот за време на протестот пред зградата на Парламентот во Стокхолм. Тоа се случува во време кога односите меѓу Шведска и неколку земји од Блискиот Исток се влошија поради неколку случаи на сквернавење на муслиманската света книга.

Салван Момика и Салван Најем прво газеа копија од книгата, а потоа ја запалија, како што направија кон крајот на јуни на слични демонстрации пред главната џамија во шведскиот главен град. На 20 јули, двајцата мажи организираа демонстрации пред ирачката амбасада во Стокхолм, каде што го згазија Куранот, но не го запалија.

Според пишувањата на медиумите, денешните демонстрации биле одобрени од шведската полиција во саботата. Организаторите им рекоа на новинарите дека сакаат Куранот да биде забранет во Шведска. Пред „Експресен“ Салван Наџем рече дека ќе ја пали светата книга за муслиманите додека властите не ја забранат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан