• понеделник, 23 декември 2024

На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе

На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе
Париз, 19 јануари 2020 (МИА) – Француската полиција уапси 59 лица за време на вчерашните судири со припадниците на движењето Жолти елеци, кои протестираат против Владата на претседателот Емануел Макрон. Полицијата употреби солзавец и шок бомби, додека илјадниците демонстранти фрлаа камења и разни предмети врз полицајците. Демонстрантите извикуваа пароли проти Макрон поради реформите на пензискиот систем. Видео-снимката емитувана од француските медиуми на која се гледа апсење на момче чие лице е прекриено со крв предизвика бес кај демонстрантите, кои извикуваа „Макрон, доаѓаме по тебе во твојата куќа“ и „Улицата е наша“. Во петокот вечерта Макрон и неговата сопруга Брижит беа евакуирани од едне париски театар, откако демонстрантите упаднаа и ја прекинаа претставата. ми/

Остани поврзан