• недела, 22 декември 2024

На премиерата на „Мадам Веб“, Дакота Џонсон во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

На премиерата на „Мадам Веб“, Дакота Џонсон во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

Лос Анџелес, 15 февруари 2024 (МИА) - Дакота Џонсон е ѕвездата на новиот филм „Мадам Веб“ (Madame Web), кој штотуку почна со киноприкажувањата во светот. Но, американската глумица на премиерата во Лос Анџелес го привлече вниманието и со својот проѕирен мрежест фустан исплетен од сребрени ланчиња.

Дизајнот е дело на „Гучи“ и јасно ја отсликува темата на филмот, во којшто Џонсон ја глуми главната и насловна улога. Стилистката на Дакота, Кејт Јанг, се погрижи светкавиот фустан „да го украде вниманието“, спојувајќи го со долна облека во боја на човекова кожа... Сѐ тоа е дополнето со ѓердан со овален дијамант што „би го балансирал“ длабокото деколте на фустанот и минималната шминка.

Ѕвездата од „Педесет нијанси сиво“ не беше единствена со мрежеста комбинација на настанот. Нејзината колешка од новиот филм, Сиднеј Свини се одлучи за полупроѕирната „мрежа“ - дизајн на Оскар де ла Рента.

Научнофантастичниот трилер „Мадам Веб“ раскажува за девојка по име Кеси Веб, која открива дека има моќ да ја види иднината благодарение на инцидентот со мистичен пајак кој ја каснал нејзината мајка додека била бремена. си/рп/

Фото: Објава на „Х“, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан