• понеделник, 23 декември 2024

На поранешниот директор на тајната служба на БиХ му е забранет влез во Хрватска

На поранешниот директор на тајната служба на БиХ му е забранет влез во Хрватска

Сараево, 4 јули 2024 (МИА) - На Осман Мехмедагиќ Осмица, поранешниот директор на Службата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА), му е забранет  влез во Хрватска, објави сараевски „Аваз“.

Мехмедагиќ вчера бил вратен од хрватската граница со образложение дека му е забранет влез во Хрватска.

Тој и суспендираниот претседател на Судот на Босна и Херцеговина Ранко Дебевец беа уапсени во декември минатата година под сомнение за злоупотреба на положбата и фалсификување службени документи.

Тие поминаа речиси три месеци во притвор. Мехмедагиќ имаше и забрана за патување, што важеше до средината на мај. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан