• понеделник, 23 декември 2024

На парагвајскиот претседател му се слошило на самиот на Г20, примен е во болница

На парагвајскиот претседател му се слошило на самиот на Г20, примен е во болница

Рио де Жанеиро, 19 ноември 2024 (МИА) – Парагвајскиот претседател, Сантијаго Пена, вчера бил хоспитализиран додека учествуваше на самитот на Г-20 во бразилскиот мегаполис Рио де Жанеиро, соопшти неговиот кабинет, наведувајќи ја како причина слабоста што ја лекува во градската болница Самаритано.

Во посебна објава на социјалните мрежи, потпретседателот Педро Алијана рече дека разговарал со Пена по „малата слабост“.

-Тој е добро и ги чека резултатите од лекарските прегледи, изјави Алијана.

Болницата засега не дава повеќе информации за неговата состојба.

Пена, 46-годишен економист од јужноамериканската национал-конзервативна партија Колорадо, кој ја презеде функцијата во август минатата година, присуствуваше на самитот на глобалните лидери во соседен Бразил.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан