• сабота, 23 ноември 2024

На островот Фиџи по 78 дена регистриран нов случај на Ковид-19

На островот Фиџи по 78 дена регистриран нов случај на Ковид-19
Сува, 6 јули 2020 (МИА) - Властите во државата Фиџи, по 78 дена без регистрирани случаи на Ковид-19 на архипелагот, денеска соопштија дека едно лице е позитивно на коронавирусот. Премиерот на Фиџи, Франк Баинмарама изјави дека 66-годишен маж, кој бил тестиран во карантин по пристигнување од Индија, е позитивен за вирусот. Станува збор за 19-ти случај на коронавирус во оваа островска држава во јужниот дел на Тихиот океан. По пристигнувањето на Фиџи, сите лица одат во задолжителен 14-дневен карантин финансиран од владата. паг/      

Остани поврзан