• понеделник, 23 декември 2024

На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните

На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните
Атина, 6 јули 2022 (МИА) – Стапката на позитивност, односно процентот на позитивни резултати од направените тестови и оваа седмица е висока на голем дел од грчките острови, над 40 отсто на Миконос, Парос, Санторини и Милос, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за стапката на позитивност во периодот од 27 јуни до 3 јули 2022 година, на Миконос позитивни се 64,21 отсто од тестираните, на Милос 47,47 проценти, на Парос 46,44 отсто, на Санторини 41,39 отсто и 37,54 проценти во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Меѓу 20 и 30 отсто позитивни од направените тестови за Ковид-19 има на островите Родос, Лимнос, Наксос, Хиос, Карпатос, Крф, Закинтос и Кос, во градовите Ханиа, Ретимнос и Ираклио на Крит, во центарот на Атина и во источниот дел на областа Атика. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 14,6 проценти, од вкупно 852.361 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 12,07 отсто пред една седмица. Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 19.303 нови случаи на Ковид-19 и 4.061 веројатни реинфекции, починаа 20 лица, а 96 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.774.377 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 191.263 реинфекции што е 4.8 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а почина вкупно 30.371 лице. Од Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопштија дека од петок статистиката поврзана со Ковид-19 ќе се објавува еднаш седмично, а не секој ден како што беше пракса досега. ср/

Остани поврзан