• понеделник, 23 декември 2024

На клиниките за кардиохиругија и урологија уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

На клиниките за кардиохиругија и урологија уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор
Скопје, 25 август 2021 (МИА) - На клиниките за кардиохиругија и урологија утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
- По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба - нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа, напиша Филипче.
Министерот дополнува дека почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега, едно коскено ткиво.
- На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина, додава министерот Филипче. нд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан