• понеделник, 23 декември 2024

На инфективните оддели има 1762 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 64 хоспитализирани

На инфективните оддели има 1762 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 64 хоспитализирани
Скопје, 14 април 2021 (МИА) - Вкупно 1762 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 310 празни болнички кревети во ковид - центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид - центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1059 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 31 прием.
Во ковид - центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и осум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.
Во моментов во ковид - центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има седум позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 49 болни.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 97 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид - центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 124 во ковид - центарот во Гостивар 44, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 34, во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. рп/ац/
 

Остани поврзан