• четврток, 19 декември 2024

На „Илинденски денови“ во Битола гостува градскиот ансамбл од Пожаревац

На „Илинденски денови“ во Битола гостува градскиот ансамбл од Пожаревац

Битола, 30 јули 2023 (МИА) - Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува со целовечерен концерт на Градскиот ансамбл на народни игри и песни - Пожаревац од Србија, што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Членовите на ансамблот од Пожаревац ќе изведат дел од своите над 40 кореографии подготвени од еминиентни српски кореографи, а ги презентирале на фестивали во Франција, Полска, Шпанија, Романија, Грција и вечер во Северна Македонија.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека по концертот на ГАНИП-Пожаревац, на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи и концерт на инструментална музика со наслов „Од колено на колено“ кој ќе го приреди Александар Јовевски.

Претпладнево, гостите од Мекиско, Чиле, Ирска, Хрватска, Грузија...ќе го посетат националниот парк „Пслистер“ каде домаќините им организираат интернационален фолклорен пикник.мт/бт/

Фото: Фестивал „Илинденски денови“-Битола

Остани поврзан