• вторник, 19 ноември 2024

На грчкиот остров Крф принудно слетал авион поради проблеми со еден од патниците  

На грчкиот остров Крф принудно слетал авион поради проблеми со еден од патниците   
Атина, 27 август 2020 (МИА) – Поради патник кој предизвикал проблеми, патнички авион од Турција за Велика Британија, синоќа принудно слетал на аеродромот на грчкиот остров Крф, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, во авионот имало над 200 патници, а за време на летот, конкретниот патник удирал по вратите и прозорците, викал и создал проблеми, по што пилотот решил принудно да слета на Крф. Патникот бил симнат од авионот и уапсен, а летот продолжил кон крајната дестинација.ср/

Остани поврзан