• среда, 17 јули 2024

На графит со ликот на Коби Брајант испишано „силувач“

На графит со ликот на Коби Брајант испишано „силувач“
Остин, 1 февруари 2020 (МИА) - Жител на Остин, Тексас, објави на Твитер дека графитит на кој се наоѓа ликот на Коби Брајант е оштетен неколку часа по отворањето. На цртеж се појави натпис „силувач“. Во 2003 година, една 19-годишна девојка го обвини Брајант за сексуално насилство. Случајот беше отфрлен откако таа одби да сведочи на суд. Самиот кошаркар во неколку наврати ги негираше обвиненијата, но подоцна, кога девојката поднесе граѓанска тужба, тој јавно се извини и случајот се реши без да биде обелоденето под кои услови. Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс и неговата 13-годишна ќерка Џиана починаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. зс/

Остани поврзан