• петок, 05 декември 2025

На граничниот премин Табановце се чека 45 минути

На граничниот премин Табановце се чека 45 минути

Скопје, 12 август 2025 (МИА) -  На граничниот премин Табановце времето на чекање е околу 45 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан