• понеделник, 23 декември 2024

На ГП Табановце се чека до 60 минути за влез и излез, на ГП Богородица до 40 минути

На ГП Табановце се чека до 60 минути за влез и излез, на ГП Богородица до 40 минути
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Како што информираа од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. цр/

Остани поврзан