• сабота, 23 ноември 2024

На годинашниот аџилак во Саудиска Арабија ќе присуствуваат само илјада верници

На годинашниот аџилак во Саудиска Арабија ќе присуствуваат само илјада верници
Ријад, 23 јуни 2020 (МИА) - Саудиска Арабија ќе го ограничи бројот на домашните верници за аџилак на околу илјада за да се спречи ширењето на коронавирусот, откако им забрани на муслиманите од другите земји да доаѓаат на аџилак, првпат во последниот период. Министерот за аџилак Мохамед Бентен на прес-конференција изјави дека аџиите ќе бидат избрани според строги здравствени критериуми. На оние над 65 години им е забрането да присуствуваат годинава. Околу 2,5 милиони муслимани годишно ги посетуваат светите места во Мека и Медина во текот на неделата на аџилак. Годинава аџилакот треба да почне кон крајот на јули, а секој муслиман треба да отиде на аџилак барем еднаш во својот живот. - Кралството Саудиска Арабија сака да им овозможи на сите муслимани од различни националности да доаѓаат на аџилак, но глобалните здравствени околности нè принудија да направиме исклучок годинава, рече Бентен. Исламскиот теолошки универзитет „Ал Азхар“ во Египет одлуката за ограничување на бројот на верници ја смета за „мудра“ и додава дека заштитата на човечките животи е приоритет на исламскиот шеријат. Во Саудиска Арабија повеќе од 161.000 луѓе се заразени со Ковид-19, а починаа повеќе од 1.300 лица. Во изминатите две недели имаше пораст на новозаразени. паг/  

Остани поврзан