На Бове му е вграден пејсмејкер, веќе не може да игра во Италија
- Лекарски тим во болницата Кареги во Фиренца му вгради пејсмејкер на Едоардо Бове (22), играчот од средниот ред на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, кој доживеа срцев удар во неделата на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер, јавија локалните медиуми.
Фиренца, 6 декември 2024 (МИА) – Лекарски тим во болницата Кареги во Фиренца му вгради пејсмејкер на Едоардо Бове (22), играчот од средниот ред на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, кој доживеа срцев удар во неделата на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер, јавија локалните медиуми.
Тоа значи дека Бове нема да може да ја продолжи фудбалската кариера во Италија, која забранува играње со дефибрилатор.
Поради тоа на Бове му се заканува раскин на договорот со Фиорентина.
Според весникот Газета дело Спорт, Бове сака да ја продолжи својата кариера и не е исклучено да побара клуб во странство.
На Бове во следните денови треба да му биде извршена операција, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.
Бове колабираше на теренот за време на неделниот домашен натпревар против Интер. Дуелот беше прекинат, а фудбалерот на Фиорентина беше пренесен во болница со возило на брза помош. ег
ФОТО: ЕПА