• понеделник, 23 декември 2024

На Антарктикот забележани рекордни 18,3 Целзиусови степени

На Антарктикот забележани рекордни 18,3 Целзиусови степени
Буенос Аирес, 7 февруари 2020 (МИА) - На Антарктикот денеска е забележана највисоката температура откако се прават такви мерења. Аргентинската метеоролошка станица „Есперанса“, што е лоцирана во северниот дел на Антарктикот, измери 18,3 Целзиусови степени. Со тоа е соборен претходниот рекорд од 17,5 Целзиусови степени измерени во март 2015 година. „Есперанса“ ја мери температурата на воздухот на Антарктикот од 1961 година. Според Светска метеоролошка станица Антарктикот е место каде што најмногу е зголемена температурата на воздухот во последните 50 години, при што е забележано пораст на температурата за три степени. ми/  

Остани поврзан