• недела, 22 декември 2024

На аеродром во Камерун запленети 80 кобри и поскоци

На аеродром во Камерун запленети 80 кобри и поскоци
Јаунде, 8 декември 2020 (МИА) - Вкупно 80 живи кобри и поскоци затворени во пластични шишиња неодамна се запленети на аеродромот во Диали, Камерун, соопшти синоќа камерунската царинска служба. Двајца шверцери од Камерун и од Нигерија на царината пред влез во авионот за Лондон покажале дрвена кутија со фалсификувана дозвола за транспорт. Заплената се случила ноќта помеѓу 3 и 4 декември, а на пластичните шишиња со живите змии пишувало „Отровно“. Царината на Камерун соопшти дека тоа е прва таква заплена на аеродромот во Дуали. ми/

Остани поврзан