• понеделник, 23 декември 2024

На автопат Куманово - Скопје - Велес, 41 санкција за брзо возење

На автопат Куманово - Скопје - Велес, 41 санкција за брзо возење
Скопје, 21 август 2021 (МИА) - На автопатот Куманово - Скопје - Велес во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 41 возило. - Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија денеска од МВР и најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/бк/

Остани поврзан