• вторник, 05 ноември 2024

Најчестите реченици во устата на манипулаторот

Најчестите реченици во устата на манипулаторот

Лос Анџелес, 29 јyли 2024 (МИА) - Манипулаторите вообичаено се обидуваат да го сокријат своето однесување и да го убедат другиот дека сѐ што прават е во негова / нејзина корист. Сепак, ова е само една нивна особина.

Психологијата укажува дека манипулативните луѓе имаат и вообичаени изрази и реченици што често и повторливо ги користат. Таквите личности сакаат да ја преземат контролата и да ја принудат целта да се однесува како што тие сакаат, вешто криејќи ги своите вистински мотиви. Како што пишува „Хак спирит“ (Hack Spirit), ова се пет изрази што манипулаторите ги повторуваат.

1. „Верувај ми“

Во манипулациите, ништо не е поделотворно од злоупотребата на довербата и манипулаторите  го знаат тоа. Зошто да губи време за градење доверба, кога може едноставно да ја побара? Манипулаторот знае дека откако ќе ја добие довербата на жртвата, полесно ќе ја натера да го прави она што тој го сака.

2. „Ми должиш“

Во светот на емоционалната манипулација, високо манипулативната личност прибегнува кон „картата на слободата“ за да го добие она што го сака. Зборовите „Ми должиш“ имаат за цел поттикнување чувство на вина. Психологијата објаснува дека вината е моќна емоционална алатка што манипулаторите ја користат за да ги контролираат постапките на другите.

3. „Мразам да бидам тој / таа што ќе ти го каже ова“

Манипулаторот често има и „посебна вештина“ да пренесува лоши вести. Тие луѓе користат изрази како „Воопшто не сакам да ти го кажам ова“, преправајќи се дека сочувствуваат со човекот пред себе, додека не така скриено уживаат во неговата емотивна реакција.

4. „Не сакам да се карам“

Реченица типична за еден манипулатор. Ова е „итар“ начин да го пренасочи разговорот таму каде што му одговара. Со овие пет зборови, манипулативната личност суптилно навестува дека ако разговорот продолжи, другиот „ќе ја предизвика“ расправијата.

5. „Јас сум твојот единствен пријател“

Кога манипулаторот сака да ја изолира жртвата во нејзиниот систем на поддршка, овој израз е еден од најочекуваните. Ова е особено суров облик на манипулација, а целта е - изманипулираната личност да се чувствува осамена и зависна од „единствениот пријател“ кој, всушност, подло игра на „картата“ на еден од најисконските човечки стравови - да се биде сам. Па, ако некој постојано ве потсетува дека тој / таа е вашиот „единствен пријател“, можеби е време за искрен разговор за границите и почитувањето во тоа „единствено“ пријателство.  си/паг/

Фото: Фрипик

Остани поврзан