• понеделник, 16 март 2026

Најстудено во Берово

Најстудено во Берово
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Во Берово утрово е најстудено, два степена, додека максимални 10 степени се измерени во Гевгелија. Според УХМР, до 8:30 часот три степени се измерени на Попова Шапка, 4 во Струмица и Лазарополе, 5 во Демир Капија, Претор, Маврови Анови и Крушево, 6 во Прилеп, Крива Паланка и Дебар, 7 во Битола и Охрид, 8 во Штип, Куманово, Виница и Дојран, како и 9 во Скопје - Петровец и Скопје - Зајчев Рид. Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен,а во попладневните и вечерните часови на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени. мч/дма/

Остани поврзан