Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
- ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал на Попова Шапка, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 43 литри на метар квадратен.
Врнежи имало и во Куманово - 31 литар, во Дебар - 23, во Крива Паланка - 21, во Пожаране - 16, во Тетово - 12, во Струмица и Гевгелија - 10, во Претор, Охрид и Виница осум, во Маврови Анови седум, во Крушево пет, во Лазарополе, Штип и Дојран четири, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Битола два и во Берово и Велес еден литар.
ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. дма/лв/
Фото: МИА архива