• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 94 лица загинаа во експлозија во Нигерија, 50 хоспитализирани

Најмалку 94 лица загинаа во експлозија во Нигерија, 50 хоспитализирани

Абуџа, 16 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 94 лица загинаа, а 50 се хоспитализирани по експлозија на северот на Нигерија, која се случи кога жителите почнаа да собираат гориво кое истекло од превртена цистерна.

Експлозијата се случи откако возачот на цистерната, кој патувал од Кано до Нгуру во државата Јобе, изгубил контрола над воланот во близина на градот Маџија, соопшти нигериската телевизија Ченелс.

Според зборовите на портпаролот на полицијата Лован Адам, катастрофата ја предизвикале жителите кои побрзале да соберат бензин откако цистерната се превртела. ссм/

фото: архива

Остани поврзан