• понеделник, 01 јули 2024

Најмалку 90 луѓе загинаа во поплави во Пакистан

Најмалку 90 луѓе загинаа во поплави во Пакистан
Карачи, 25 август 2020 (МИА) – Најмалку 90 луѓе загинаа и илјадници домови се оштетени во поплавите предизвикани од монсунските дождови што го зафатија Пакистан изминатите денови. Еден од најпогодените е пристанишниот град Карачи, кој е преплавен со вода од канализација поради лошиот одводен систем во градот. Властите соопштија дека се евакуирани најмалку 1.200 лица. Според метеоролозите, во Карачи ќе врне дожд до крајот на неделава. Покрај поплавите, Пакистан се бори и со епидемијата на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 6.200 луѓе. јт/

Остани поврзан