• вторник, 03 декември 2024

Најмалку 66 лица загинаа утринава во израелски воздушен напад на северот на Газа

Најмалку 66 лица загинаа утринава во израелски воздушен напад на северот на Газа

Газа, 21 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 66 лица, претежно жени и деца, загинаа утринава во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, додека повеќе од 100 лица се повредени.

Во нападот е уништен цел станбен блок во близина на болницата Камал Адван во Беит Лахија, пренесе палестинската агенција Вафа. 

Многу луѓе се уште се водат како исчезнати, додаде агенцијата. 

Директорот на болницата Хусам Абу Сафија рече дека повеќето од жртвите спиеле во моментот на нападот. 

-Бројот на загинатите е исклучително голем. Повеќето од нив се деца и жени, рече Абу Сафија, додавајќи дека ситуацијата е „многу сериозна“ и дека болницата не е во состојба да се грижи за големиот број ранети и мртви. 

Според него, нападот погодил цел блок во близина на болницата, при што биле уништени најмалку пет куќи, а болничкиот персонал е на терен за да ги спаси луѓето затрупани под урнатините.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан