• петок, 05 декември 2025

Најмалку 40 луѓе починаа од колера во Судан за една недела

Најмалку 40 луѓе починаа од колера во Судан за една недела

Картум, 14 август 2025 (МИА) - Најмалку 40 луѓе починаа од колера за една недела во регионот Дарфур во западен Судан, кој е разорен од војна, објави денеска организацијата „Лекари без граници“.

-Покрај раширената војна, суданскиот народ во моментов се соочува со најлошата епидемија на колера во земјата во последните години, предупредија „Лекари без граници“.

„Само во регионот Дарфур, тимовите на „Лекари без граници“ лекуваа повеќе од 2.300 пациенти минатата недела и регистрираа 40 смртни случаи од колера“, додаде организацијата.

Сериозната болест, која се пренесува преку контаминирана вода и храна и предизвикува дијареја, може да предизвика смрт за неколку часа ако не се лекува.

Од јули 2024 година, според Светската здравствена организација (СЗО), низ Судан се пријавени околу 100.000 случаи на колера, а болеста се проширила „во сите федерални држави на Судан“.

Војната, која сега е во третата година и која одзеде десетици илјади животи и расели милиони, доведе до „најлошата хуманитарна криза во светот“, како што ја опишаа ОН. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан